Манчестер јунајтед забележа убедлива победа на гостувањето кај последнопласираниот Вулверхемптон, славејќи со 1-4 во натпреварот од 15-тото коло на Премиер лигата.
Водството за Ѓаволите го донесе Бруно Фернандеш во 25-тата минута, искористувајќи го додавањето од Матеус Куња и со малку среќа ја затресе мрежата на Вулвс.
Домаќините возвратија пред крајот на првото полувреме со погодокот на Жан-Ришер Белегард, но тоа беше единствениот удар на Вулверхемптон кон голот на Јунајтед во продолжението.
Во вториот дел, тимот на Рубен Аморим доминираше и ја запечати победата со головите на Брајан Мбеумо во 51-та и на Мејсон Маунт во 63-та минута.
Конечниот резултат од 1-4 го постави Бруно Фернандеш со удар од белата точка во 82-та минута, постигнувајќи го својот втор гол на мечот.

