Манчестер јунајтед се откажа од услугите на бразилскиот интернационалец, Антони, и го испрати на позајмица во Бетис до крајот на сезоната. „Црвените ѓаволи“ во 2023 година го купија Бразилецот за 95 милиони евра од Ајакс, но тој воопшто не ги оправда очекувањата, а сега блесна во дресот на Бетис. Антони постигна два гола на трите меча за својата нова екипа, па сега медиумите во Шпанија најавуваат сензационалец трансфер налето.
Антони во јуни се враќа во Манчестер јунајтед, но со сигурност ќе биде продаден, а интерес за него има од Баерн Минхен, а според шпанските медиуми, преговорите помеѓу „црвените ѓаволи“ и „баварците“ веќе се започнати. Вредноста на Бразилецот во моментов е околу 20 милиони евра, па Манчестер јунајтед ќе може да врати мал дел од парите кои ги вложи во Бразилецот.