Левото крило на Њукасл, Ентони Гордон, е желбата на Манчестер јунајтед за летниот преоден рок. Интересно, фудбалерот е роден во Ливерпул, но првите чекори ги прави во Евертон, од во 2023 година ги засили „страчките“ во трансфер вреден 45,6 милиони евра.
Неговата вредност во моментов е 60 милиони евра, но желбата на Њукасл е да добие најмалку 100 милиони евра, а од „црвените ѓаволи“ се подготвени да ја платат оваа сума.
Гордон има 24 години и веќе е стандарден во репрезентацијата на Англија. Собра 16 настапи и постигна два гола.

