Виктор Осимен оваа сезона на 26 натпревари во сите конкуренции за Галатасарај постигна 20 гола, а имаше и пет асистенции. Една од примарните цели за летниот преоден рок за Манчестер јунајтед ќе биде токму напаѓачот од Нигерија, кој во Турција игра како позајмен од Наполи.
Осимен налето се враќа во Наполи и ќе биде продаден, а откупната клаузула изнесува 75 милиони евра. Сепак, Црвените ѓаволи немаат намера да ја активираат откупната клаузула, туку на Наполи да му понудат трампа, Хојлунд за Осимен, плус дополнителни 40 милиони евра.