Елиф Елмас уште еднаш покажа дека е македонскиот фудбалски дијамант кој ќе треба да сјае во следните години. Играчот на Наполи даде два гола и беше херојот во победата против Словенија од 2:1. Како вистински спортист, по мечот, Елмас потенцираше дека за него најважно е што тимот победил.
Освен изјавата дадена веднаш по дуелот, Елиф реши и преку социјалните мрежи да упати порака, која беше кратка, но многу силна. „Горд на мене и на мојата МАКЕДОНИЈА“, напиша Елмас на својот фејсбук профил.