Берат Устабаши го продолжи договорот со Шкупи, а си заминува Рон Броја, објавија чаирчани на својата интернет страница.
Устабаши беше клучниот играч на Шкупи и со неговите голови во последниот меч во нашето првенство против Работнички, чаирчани обезбедија настап во квалификациите за Европа Лигата. Устабаши двапати погоди во финишот на мечот за пресврт и победа од 2:1, па со тоа само потврди дека ќе продолжи да игра за нашиот претставник во еврокуповите.
За разлика од него младинскиот репрезентативец на Косово, Рон Броја по една сезона се раздели со Шкупи. Тој и раководството на Шкупи не најдоа заеднички јазик за продолжување на соработката, по една сезона мината на Чаир.