Јунакот на СП 1990 хоспитализиран, семејството објави во каква состојба е Тото

Италијанските медиуми имаа драматични објави дека фудбалската легенда и ѕвезда на Мундијалот од 1990 година, Салваторе „Тото“ Скилачи, бил итно примен во болница во Палермо и дека е во животна опасност.

Скилачи ќе остане запаметен по неговите шест голови на СП во Италија 1990 со кои беше прв стрелец, а последниве години се бори со тумор на дебелото црево, а состојбата му се влошила откако се заболел од тешко запаление на белите дробови.

„Со оглед на бројните повици од медиумите и лошите вести кои кружат, ве известуваме дека нашиот сакан Тото е во стабилна состојба и под постојан надзор на лекарскиот тим, дење и ноќе. Биди силен, Тото“, објавија од семејството Скилачи на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести