Александар Трајковски кој како да е претплатен за постигнување важни голови кои носат бодови и победи за македонската фудбалска репрезентација, скромно изјави дека не е важно кој дава гол, туку важно е да се победува.
„Сите голови се важни, без разлика кој ги постигнува, битно е да победуваме, тоа е најважно. Знаевме дека денеска ќе биде тежок натпревар, најважно е дека одигравме добро, се боревме како тим до крај и освоивме три бода. Одиме чекор по чекор, се надевам дека до крај ќе растеме како екипа и ќе успееме да дојдеме до тоа Светско првенство. Доста играчи играа и пред три дена, тешко е, но битно е дека кој и да излезе на терен да даде максимум. Некогаш треба да имаш и среќа во фудбалот, кога работиш добро, ти се враќа со добро. Квалитет имаме, ги искористуваме шансите, се надевам дека до крај ќе биде така“, рече Трајковски.