5.8 C
Skopje
недела, 1 февруари 2026

Јуниорскиот Австралијан опен го освои тенисер од екс-Југославија

Словенецот Жига Шешко (далечен роднина на фудбалерот Бењамин Шешко) е победник на Австралијан опен во јуниорска конкуренција.

Тој е прв Словенец на кој му успеало да освои јуниорски гренслем.

Жига го освои трофејот победувајќи го Американецот Китон Хенс со пресврт 4:6, 6:3, 6:4. Шешко има има 17 години и веќе го запиша своето име во тениската историја на својата земја.

Јуниорскиот АО го имаат освоено и некои од најголемите имиња во историјата на светскиот тенис како Лоренцо Мусети, Ник Кирјос, Александар Зверев, Гаел Монфис, Стефан Едберг, Енди Родик, Кен Роузвол и Џон Њукомб, па ова може да биде најава дека пред Шешко е успешна кариера. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести