Најпопуларните седум јутјубери во Велика Британија ја продолжија традицијата да организираат фудбалски натпревар на националниот стадион „Вембли“, а со тоа и да соберат пари за хуманитарни цели.
Делува неверојатно, но „Вембли“ беше исполнет до последно место и со тоа јутјуберите го надминаа својот претходен подвиг од 2023 година. Пред две години тие организираа фудбалски меч на Олимпискиот стадион во Лондон каде се собраа 62.000 гледачи, а беа собрани 2,9 милиони евра. Сега, успеаа да ги поместат тие граници.
Во само три часа биле распродадени сите билети, а вкупната собрана парична сума во хуманитарни цели е преку 5,5 милиони евра. Од фудбалски аспект, дуелот заврши 8:8, па имаше дополнително шоу затоа што се шутираа пенали за да се одлучи победникот.