Јутјуберот Џејк Пол го претрпе првиот пораз во боксерската кариера, а за тоа го обвини Дрејк (Видео)

Томи Фјури со судиско надгласување го победи Џејк Пол во бокс меч кој предизвика големо внимание.

Инаку, за познатиот јутјубер Пол ова е прв пораз, додуша некои од противниците му беа со крајно сомнителен квалитет, а интересно е што по мечот, тој рече дека виновник за поразот е Дрејк. Канадскиот рапер, кој е познат малер, уплатил 400.000 долари дека Пол ќе го нокаутира Фјури.

„Дрејк, брате, зошто ми го направи тоа? Тој е виновен за поразот“, рече на шега Пол на прес-конференцијата по борбата која се одржа во Саудиска Арабија, а на трибините беше и славниот фудбалер Кристијано Роналдо со својот син.

Потоа Американецот Пол се дообјасни.

„Се шегував, не е негова, туку моја е вината. Овие 400.000 не се ништо за него. Претходно има заработено многу пари обложувајќи се за мои победи“, додаде Пол.

Британецот Фјури, кој е помлад полубрат на шампионот во тешка категорија Тајсон Фјури, во осмата рунда беше во нокдаун, но продолжи без проблеми и на крајот сепак победи.

https://twitter.com/i/status/1629980486276874241

- Оглас -

Најнови вести