Јувентус ќе направи обид да се засили со голманот на Челзи, Кепа Аризабалага. Тренерот на Старата дама, Масимилијано Алегри, го сака 27-годишниот Шпанец за замена за Војчех Шчесни.
Кепа има договор со Сините од Лондон за уште 4 години, но тотално ја загуби битката за стартното место со Едуар Менди, па не би имал против да си оди пред истекот на договорот.
Полјакот Шчесни сезонава направи неколку грешки, и во Јуве сериозно планираат да го заменат по завршувањето на сезонава.