Јуве е на чекор од финале – Бернардески даде гол против клубот од детството и „удри“ на славење (ВИДЕО)

Јувентус води со 1:0 против Фиорентина по првото полувреме од реванш-средбата во Копа Италија и со тоа е на чекор од пласман во финалето.

Старата дама погоди преку Федерико Бернардески во 32-рата минута, а потоа „удри“ на славење, и тоа против тимот од каде што ја изгради својата фудбалска кариера и од каде што, впрочем, премина во редовите на Јувентус.

Јуве севкупно има предност од 2:0 ѝ е на чекор од финален меч против Интер.

- Оглас -

Најнови вести