Јуве го продава Киеза на „супер попуст“

Раководството на Јувентус ја постави цената на Федерико Киеза на само 25 милиони евра, плус бонуси. Причината за ова е што италијанскиот крилен напаѓач не е дел од плановите на новиот тренер на „старата дама”, Тијаго мота, кој сака да го гради својот тим околу помлади играчи.

Дополнителен фактор за пониската цена е тоа што Киеза има само уште една година од неговиот договор, кој Јувентус не планира да го продолжи. Тие сакаат да најдат купувач сега за да не го изгубат бесплатно следната година.

Федерико Киеза пристигна во Јувентус за околу 45 милиони евра од Фиорентина во 2020 година, првично на позајмица, а две години подоцна „бјанконерите” ја платија целата сума за трансферот. На почетокот се очекуваше многу од него како еден од најголемите италијански таленти, но многубројните повреди и физички проблеми му го ограничија развојот и можноста да ги покаже своите способности.

Во четири години во Јувентус, Киеза постигна вкупно 47 голови и 43 асистенции во 235 натпревари во Серија А. Тој беше дел од составот на Италија на ЕВРО 2024, кој беше елиминиран од Швајцарија во осминафиналето.

 

- Оглас -

Најнови вести