Јуве има девет победи по ред над Милан, а коефициентот за двојка е неверојатно голем

Кога играат Милан и Јувентус, без разлика на моменталната ситуација во двата тима, дуелот секогаш претставува дерби. Старата дама е убедливо најтрофејниот тим во Италија, а Росонерите може да се пофалат дека уште се недостижни по бројот на освоените титули во европските натпреварувања.

Вечерва најтрофејните ќе бидат на мегдан во мечот од полуфиналето на Купот на Италија. Дуелот ќе има посебен шарм бидејќи ќе биде и судир на две големи ѕвезди. Кристијано Роналдо треба да ги предводи гостите, а Златан Ибрахимовиќ е ветеранот кој се врати на „Сан Сиро“ во обид да биде спасител на некогашниот гигант.

Роналдо е незадржлив и постави клупски рекорд постигнувајќи голови на последните 10 меча во Серија А. Во дербито против Интер, Ибрахимовиќ покажа дека уште може да биде многу опасен, па даде еден гол, а имаше и асистенција, но, за негова жал, Росонерите загубија.

Традицијата вели дека Јувентус има девет победи во низа против Милан, а сите оние кои веруваат во квалитетот на Старата дама може добро да заработат. Во Супер тип од понудата на Sport Life, двојката вреди 2,32. Тоа е коефициент кој ретко може да се забележи на победа на Јувентус, па ќе биде интересно да се види дали гигантот од Торино уште на првата средба во Милано ќе ја заврши работата за место во финалето од Купот на Италија.

 

- Оглас -

Најнови вести