Јуве ќе остане и без Шченсни за дуелот од Суперкупот против Интер

Јуветнус и Интер утревечер ќе ги одмерат силите во италијанскиот Суперкуп, а тимот од Торино се соочува со проблеми.

Откако на средбата против Рома остана без Федерико Кијеза, којшто ќе го пропушти остатокот од сезоната, за средбата против „Нераѕурите“ ќе бидат и без голманот Војќех Шченсни, и тоа поради неверојатна причина.

Полјакот пред неколку дена ја прими првата доза на вакцина против ковид-19 и мора да чека две седмици за да го добие сертификатот, а без таков сертификат според правилата во Италијанската федерација, не може да се игра.

Ваквиот „закон“ на Федерацијата е донесен неодамна, по неконтролираното ширење на омикрон варијантата во клубовите. Има мала шанса Полјакот да застане меѓу стативите доколку ваквата процеруда се убрза за посебни потреби, но тешко дека тоа ќе се случи, па затоа на голот најверојатно ќе застане Матија Перин.

 

- Оглас -

Најнови вести