Јуве на ПСЖ му понудил трампа Нејмар за Дибала?

Италијанскиот првак Јувентус размислува да направи изненадувачки потег и да му го предложи Пауло Дибала на ПСЖ, а во замена да го добие Бразилецот Нејмар. Бјанконерите ќе се обидат да ја откажат Барселона од битката за бразилската ѕвезда, објави „Мундо депортиво“, кој е каталонски весник близок до Барса.

Кристијано Роналдо и Нејмар во еден ист тим би можело да биде интересно, па затоа Јуве наводно е подготвен да го жртвува и Дибала за да може да го оствари планот. Проблем може да биде високата плата на Нејмар од 36 милиони евра по сезона. Во Старата дама не се подготвени да платат толкава сума и ќе бараат од Бразилецот да си ги намали финансиските барања.

Барселона исто така сака да си го врати Нејмар, кого пред три години го продаде во ПСЖ за 222 милиони евра. Кризата со корона-вирусот може да биде клучна пречка, па не е исклучено Нејмар да остане во ПСЖ и во следната сезона. Договорот на Неј со париските Светци е до јули 2022 година.

- Оглас -

Најнови вести