Јуве најопасен тим во топ лигите од слободни удари, Торо ја турна Самп кон Серија Б (Видео)

Јувентус го совлада Лече со 2-1, Аталанта ја победи Специја со 3-2, Торино славеше против Сампдорија со 2-0, а Салернитана и Фиорентина ремизираа 3-3 во дуелите од италијанската Серија А кои почнаа од 18 часот.

Јуве со победата привремено изби на второто место. Паредес даде гол од слободен удар и со тоа Старата дама стана тим од Топ 5 лигите со најмногу (4) дадени голови од слободен удар сезонава. Вториот гол беше дело на Србите, Костиќ асистираше, а Влаховиќ даде убав гол. Голот на Влаховиќ може да го погледнете ТУКА.

За Влаховиќ ова е прекинување на постот дури од 773 минути без даден гол во Серија А, но дојде до 12-тиот гол во 13 меча против екипи кои се нови прволигаши во италијанската елита.

Сампдорија загуби дома од Торино и сега има само теоретски шанси за опстанок. Салернитана по 14-ти пат сезонава одигра нерешено, а Булаје Дија стана прв стрелец во историјата на клубот според број на голови во прва лига. Дија е и прв Африканец кој во дебитантска сезона во Серија А дал 15 гола.

- Оглас -

Најнови вести