Интер на 13 меча по ред нема победа во дуелите со Јувентус, Милан и Наполи

Интер на двапати водеше против Наполи, но на крајот мечот заврши 2:2. По ова реми Интер останува лидер со 43 бода, а Наполи е трет со 39 бода. Милан е втор со 40 бода, а во трката за титулата се и Рома со 39 бода и Јувентус со 36 бода.

Иако Интер е лидер, Нераѕурите со ова реми против Наполи само продолжија една не многу убава традиција за нив. Во последните 13 натпревари против Јувентус, Милан и Наполи, екипата на Интер нема ниту една победа.

„Што значи тоа што немаме победа против Јуве, Милан и Наполи на 13 меча? Јас сум тука да зборувам сега за овој меч против Наполи. Играа две квалитетни екипи, кои се обидуваа да победат. Жал ми е бидејќи двапати водевме, направивме сè што можеме да победиме, но на крајот е нерешено. Сезонава во борба за титулата ќе бидат четири-пет екипи, нема да се бориме само ние и Наполи“, рече тренерот на Интер, Кристијан Киву.

- Оглас -

Најнови вести