Јуве се надева дека ќе му бидат вратени 15-те бода, но ризикува да му бидат одземени уште 15 до 25!

На 19 април судот ќе одлучува по жалбата на Јувентус, кој бара да му бидат вратени 15-те бода кои му беа одземени сезонава, но постои опасност Старата дама да добие нова санкција и да остане без дополнителни 15 до 25 бодови, што би било катастрофа за нив.

Наводно јавниот обвинител нашол нови докази за матни финансиски работи во клубот и одлуката за одземање 15 бодови не само што нема да падне на апелација, туку Јуве може да остане без 30-40 бодови и наместо за Лигата на шампионите, да се бори за опстанок во Серија А.

Се шпекулира дека е можно Јуве да добие бодовна казна и за следната сезона, па во 2023/2024 да тргне со минус на бодовното конто. Има и други клубови кои се осомничени, па најтрофејниот италијански клуб и да не биде единствен со минус на стартот на идната сезона.

- Оглас -

Најнови вести