Максимилијано Алегри им даде јасно дознаење на Рабио, Артур и Ремзи дека нема да смета на нив во новата сезона и дека треба да си најдат нови клубови. На овој начин Јувентус се надева дека ќе заштеди до 21 милион евра во плати според договорите на триото играчи за врска.
Бјанконерите веќе се обидоа да се решат од Ремзи, но Велшанецот одби спогодбен раскин на договорот. Ексиграчот на Арсенал има повисока плата од Душан Влаховиќ, инкасира 7 милиони евра по сезона, па затоа се оечкува да замине наскоро иако веќе одби две понуди за позајмица во Галатасарај, односно Карамугрук каде што тренер е Андреа Пирло.
Иста плата заработуваат и Рабио и Артур, но за нив двајца засега нема интерес. Јуве се обиде да направи размена со ПСЖ, да го врати Рабио во Париз, а на спротивната страна да замине Леандро Паредес. Сепак на Парижаните повеќе им одговара да го продадат Аргентинецот и бараат 20 милиони евра.
Инаку, Јувентус досега се засили со четворица, Погба се врати назад, Ди Марија е новата искусна ѕвезда. За Бремер и младиот Камбијасо се исплатија околу 50 милиони евра, но Алегри планира барем уште двајца нови играчи – дефанзивецот Никола Миленковиќ од Фиорентина, како и нов камбек на Мората на „Алијанц“ стадионот.