Интер Мајами славеше со 2-0 против Портланд тимберс во натпревар од регуларниот дел на МЛС-лигата, а повторно во центарот на вниманието беше магичниот Лионел Меси.
Со новите три бода, Интер Мајами му се доближи на лидерот Нешвил само на два бода разлика во Источната конференција, иако има одиграно натпревар повеќе. Од друга страна, Портланд остана далеку од местата кои водат во плејин-фазата на Западот.
Тренерот на Интер Мајами од првата минута сметаше на своите најголеми ѕвезди, Меси и Луис Суарес. Аргентинецот ја носеше капитенската лента, додека Суарес беше заменет во 66-тата минута.
Taco de Telasquito ➡️ definición de Leo 😮💨🔥 pic.twitter.com/rtOhNLHTde
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) May 17, 2026
Токму Меси го отвори патот кон победата. Во 31-вата минута светскиот шампион со Аргентина од Мундијалот во Катар се запиша меѓу стрелците и донесе водство за домашниот тим.
Само единаесет минути подоцна, Меси повторно беше клучниот човек на теренот, овојпат како асистент при погодокот на Херман Бертераме за конечни 2-0.
GOOOL! Our captain set it up. Berte finished it. 💫🔝 pic.twitter.com/ogmMDaYeBk
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) May 17, 2026
Во второто полувреме немаше промена на резултатот, па Интер Мајами стигна до важна победа во борбата за врвот на табелата.
Следниот натпревар Интер Мајами ќе го одигра против Филаделфија унион на 25 мај, а тоа ќе биде последен меч за тимот пред паузата поради Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

