3003 Јувентус – Емполи (18.00 часот)
Кај овој пар реално е домашните да победат без да примат гол. Јувентус како прв на табелата и тим кој се бори за титула, не би смеел да ја запре победничката серија на домашен дуел против претпоследниот Емполи, иако Емполи во минатото коло одигра најдобро сезонава и со 3-0 ја совлада Монца. Емполи е најнеефикасен тим во Серија А со само 14 погодоци во 21 коло, а Јуве на 21 меч прими само 12 гола. Во септември во нивниот прв меѓусебен дуел сезонава, Старата дама победи со 2-0, а на последниот меч на овие два тима во Торино, Јуве победи со 4-0.
Предлог тип: 1 Сигурна (1.66)
1808 Б. Леверкузен – Б. Менхенгладбах (18.30 часот)
Баер има дури 28 бодови повеќе од Борусија Менхенгладбах иако поминаа само 18 кола, па тука јасно е кој е фаворит. Леверкузен не знае за пораз сезонава, прв е со четири бода плус пред Баерн и секако е фаворит вечерва. Последните пет нивни меѓусебни дуели завршуваа со 3+ голови, а есеноска во Менхенгладбах, Леверкузен победи со 3-0, но стрелци беа играчи кои вечерва ќе ги нема во составот на тренерот Чаби Алонсо.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.70)
1304 Барселона – Вилјареал (18.30 часот)
Статистички гледано, Барселона има просек од два постигнати голови по натпревар во Ла Лига, а Вилјареал прима точно по два гола во просек на секој меч. Барселона мора да победи ако сака да стане во трка за титулата, но Каталонците се психички разнишани после болната елиминација од купот и често се мачат на првиот меч после таков пораз. Нивна среќа е што треба да играат против тим од кој дома загубиле само еднаш од 2008 година наваму, а Жолтата подморница има и голем број на повредени и суспендирани играчи.
Предлог тип: 1 & 2>1 (2.08)
1116 Фулам – Њукасл (20.00 часот)
Ова е меч од 16-финалето на англискиот ФА куп, ако средбата заврши нерешено после 90 минути, ќе се игра нов меч. Њукасл е во многу лоша серија во Премиер лигата, таму реди порази, па ФА купот им е шанса да се обидат да освојат нешто и да ги оправдаат вложувањата од Саудијците. Чавките ги добија последните четири меѓусебни дуели против Фулам, а на „Крејвен котиџ“ не гостувале уште од октомври 2022.
Предлог тип: 2 (2.30)
3004 Милан – Болоња (20.45 часот)
Болоња е пријатно изненадување во Серија А, но во последните три кола освои само еден бод и веќе не е на позиција на табелата која води во Европа. Милан има четири победи по ред, а на последните три лигашки мечеви даваше по три голови. Болоња е тим кој не дава, но и не прима многу голови. Во август, Милан победи во Болоња со 2-0, тоа беше четврти нивен меѓусебен меч по ред со 0-2 гола. Последната победа на Болоња на „Сан Сиро“ беше пред осум години.
Предлог тип: 1Х & 2–4 (1.83)