Јувентус утре од 18 часот има гостување кај Аталанта, а тренерот Масимилијано Алегри нема да може да смета на напаѓачите Душан Влаховиќ и Аркадиуш Милик.
Србинот има болки во грбот и одлучено е да не се ризикува со него, а Милик има повреда на ногата, па и тој ќе биде зачуван. Во нивно отсуство, во нападот ќе бидат Кјеза, Јилдиз, Илинг џуниор, Кен и Манчини.