На Мурињо ова лето може да му се исполни најголемата желба

Прославениот португалски тренер Жозе Мурињо за неколку месеци може да го исполни сонот, а тоа е да стане селектор на националниот тим на својата земја. Мурињо моментално е предводник на тимот на Бенфика, но најавите се дека тој е главен кандидат да застане на чело на репрезентацијата на Португалија, и тоа веднаш по завршување на Светското првенство кое левото ќе се игра во САД, Канада и Мексико.

„Евентуална понуда да бидам селектор на Португалија е единственото нешто кое може да ги смени моите сегашни планови. Да се биде селектор, не е работа за секого, ниту за секој период од кариерата“, неодамна рече Мурињо. Се чини дека конечно е дојдено времето Мурињо да биде назначен за селектор на Португалија.

Во изминативе три години португалската репрезентација е предводена од Роберто Мартинес, кој ќе го предводи тимот и на Мундијалот во САД, Канада и Мексико.

Мурињо има огромно тренерско искуство. Тој бил тренер на Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Тотенхем, Рома, Фенербахче и сега во Бенфика. Доколку Мурињо си замине од Бенфика, прв кандидат за негов наследник на клупски план е Рубен Аморим.

- Оглас -

Најнови вести