18.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Јувентус би го ангажирал Солари како советник

Доколку сакате да победите во градско дерби, или да останете непоразен во дуел со Диего Симеоне, тогаш ви треба еден човек – Сантијаго Солари.

Актуелниот тренер на Реал Мадрид во својата играчка и тренерска кариера, нема загубено ниту едно мадридско дерби, а не знае за пораз ниту во дуелите со Симеоне. Затоа во шега, фановите на Јувентус би го земале Солари како советник на Алегри да му го каже рецептот како против Симеоне и „јорганџиите“, кои се ривали на „старата дама“ во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Солари е специјалист за градските дербија во Мадрид, без разлика дали го носел дресот на Атлетико или Реал. Како играч, имаше 7 победи и една нерешена, а сега како тренер има победа во единствениот дуел. Солари има и дадено гол за Реал против Атлетико, и за Атлетико против Реал.

Во трите меѓусебни дуели со Симеоне како играч, Солари има две победи и реми, а сега му води 1-0 и во мечевите како тренери. А, кога играа заедно, на два меча за Аргентина, тимот победи.

- Оглас -

Најнови вести