Јувентус даде два гола во судиското продолжување за еуфорија, но потоа се појави ВАР системот (Видео)

Јувентус и Салернитана ремизираа 2:2 во меч одигран во Торино. Домаќините беа големи фаворити, но Салернитана одигра одлично прво полувреме и водеше со 2:0.

На почетокот на вториот дел, Старата дама намали на 1:2 со погодокот на Бремер, резултат кој беше се до почетокот на судиското надополнување. Во 90+3 минута беше досуден пенал за Јувентус, а Бонучи промаши, но одбиената топка повторно дојде до него и потоа погоди за 2:2.

https://twitter.com/i/status/1569064387968892928

Домаќините тргнаа со сите сили за да направат целосен пресврт и во 95 минута дадоа гол. Гостите се бунеа и бараа ВАР системот да реагира, што и се случи. Беше констатирано дека фудбалерот на Јувентус кој беше во петерецот, иако не играше со топката, туку самиот факт дека се обидел да игра со топката е доволно да се досуди офсајд и беше поништен тој погодок на Јувентус, па на крајот дуелот заврши 2:2.

- Оглас -

Најнови вести