Салернитана го шокираше Јувентус и по 45 минути води со 2:0 во Торино (Видео)

Салернитана е тим кој добро започна во Серија А и по првите пет кола има само еден пораз. Дека не случајно има добри резултати, Салернитана покажува и по првото полувреме на гости кај Јувентус.

Аутсајдерот води со 2:0 на полувреме благодарение на головите на Антонио Кандрева во 17 минута и на Пјонтек во 45+5 минута од пенал. Кандрева кој е поранешен италијански репрезентативец со над 50 настапи за Аѕурите, одлично се снајде во петерецот и даде гол во 17 минута, а шокот на домаќините го зголеми Пјонтек со погодок од пенал во последните секунди од мечот.

https://twitter.com/i/status/1569040261002706944

Салернитана во досегашната историја на дуелите против Јувентус имаше дадено само еден гол и тоа во далечната 1999 година кога Марко ди Вајо погоди на меч на домашен терен. Сега Кандрева и Пјонтек за само едно полувреме се радуваа на голови и тоа на теренот во Торино.

 

- Оглас -

Најнови вести