Јувентус фати ритам, ја скроти и опасната Волчица од Рим (Видео)

Јувентус фати победнички ритам и успеа да ја скроти и опасната Волчица од Рим со триумф од 1:0, шести на последните 7 меча во сите натпреварувања.

Со чудниот гол на Мојзе Кен во 16-тата минута, Црно-белите од Торино го добија дербито на осмото коло во Серија А и се искачија на седмото место на табелата со 14 бода, колку што имаат и Лацио и Аталанта, но со подобра гол-разлика.

Кен се најде на вистинското место во првата фаза од мечот и постигна гол, а притоа и не виде дека е стрелец. По центаршутот на Де Шилјо во шеснаесетникот на Рома, највисок беше Бентанкур и со удар со глава го погоди соиграчот во глава, па топката заврши во мрежата на гостите.

Потоа имаше вистинска драма во финишот на првото полувреме, кога Рома имаше шанса од пенал да израмни. Целата ситуација беше хаотична и Верету не го издржа притисокот и промаши, односно Шчесни му го одбрани ударот од белата точка.

Рома го доживеа третиот пораз во првенството и остана на четвртото место со 15 бода, три повеќе од Јувентус.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести