Јувентус го „блиндира“ Дибала до 2025 година

Јувентус ќе го продолжи договорот со Пауло Дибала до 2025 година, известуваат италијанските медиуми. Аргентинскиот офанзивец ќе биде заштитно лице на актуелниот бранител на титулата во Серија А, во него гледаат иден капитен на екипата.

Дибала блесна под палката на Маурицио Сари сезонава, покрај Роналдо тој е најефикасен играч во тимот со 17 погодоци и 13 асистенции во вкупно 41 натпревар. На тој начин успеа да ја добие довербата на клубот, откако пред една година се наоѓаше на излезна врата.

Според актуелниот договор кој му истекува во 2022 година, Дибала заработува 13,5 милиони евра по сезона,  додека со новиот го чека значително зголемување на истата, правејќи го втор најплатен фудбалер на Бјанконерите, зад Кристијано Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести