Централниот дефанзивец Даниеле Ругани го обнови договорот со Јувентус до 30 јуни 2028 година.
Заедничкото патување започна во 2012 година, кога тогаш младиот Даниеле за првпат го облече дресот на Јувентус, прво на младинскиот состав, а во 2013 стана и првотимец. Има играно како позајмен за Емполи, Рен, Каљари и Ајакс, но постојано се враќаше во Јуве.
Меѓу играчите кои моментно се во составот на Бјанконерите, 31-годишниот Ругани има најмногу победи во Серија А и во сите натпреварувања носејќи го дресот на Јувентус.