29.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Јувентус и со минус 15 поени на контото не се предава во трката за место кое води во Лигата на шампиони (Видео)

Јувентус без многу мака победи на гостувањето кај Специја во меч од 23 коло и Старата дама покажа дека е во добар ритам. Најтрофејниот италијански клуб остана без шанса да се бори за титулата откако му беа одземени 15 бодови, па сега има 32 бодови што е доволно за седмото место на табелата.

И во ваква ситуација, во Јувентус не се предаваат од трката за место кое води излез во Европа. Шестопласираната Аталанта има девет бодови повеќе, а 10 бода е разликата до Лацио, кој моментално е на четвртото место во Серија А.

Мојс Кин погоди за водство на домаќините во 32 минута, а сите дилеми околу победникот ги реши ди Марија со голот во 66 минута.

 

- Оглас -

Најнови вести