24.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Јувентус ја одби понудата на Ливерпул од 50 милиони евра за Демирал

Јувентус нема намера да го продаде стоперот Мерих Демирал и според турските медиуми, веќе ја одбил понудата на Ливерпул вредна 50 милиони евра.

Турскиот репрезентативец пристигна во редовите на италијанскиот првак на почетокот на ланската сезона од Сасуоло за сума од 18 милиони евра, па сега Јувентус одби речиси трикратно подобра понуда.

Црно-белите од Торино сметаа на Демирал како стандарден стопер во иднина, Мерих има само 22 години и досега одигра точно 22 натпревари за Јувентус.

Ливерпул, и особено менаџерот Јирген Клоп, очајно бараат квалитетен стопер што ќе може да го замени повредениот Вирџил ван Дајк, но Демирел по сè изгледа нема да биде алтернативата за холандскиот репрезентативец.

Интерес за ангажман на турскиот репрезентативец има и од Тотенхем, Лестер и Атлетико Мадрид, но по одбивањето на понудата од 50 милиони евра што ја испрати Ливерпул, јасно е дека Мерих останува во Торино.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести