15.8 C
Skopje
понеделник, 27 октомври 2025

Јувентус го отпушти тренерот Игор Тудор

Јувентус дури 394 минути нема постигнато гол, тимот нема победа уште од 13-ти септември кога го совладаа Интер, па притисокот врз тренерот Игор Тудор беше неиздржлив и тој денеска официјално е сменет.

Тудор нема да остане на клупата ни задутре против Удинезе. Имаше шпекулации дека ќе остане и против Удинезе, но и да го добиеше тој меч ќе дојдеше до разделба. На клубот му се чекаше и веднаш го разрешија, па в среда против Удинезе, екипата ќе ја води Масимо Брамбиља како привремено решение.

Веќе е спремна листата на можни негови наследници. На списокот на желби се Лучано Спалети, Роберто Манчини и Рафаеле Паладино, а верувале или не, кандидат е дури и Тијаго Мота кој беше отпуштен во март пред да го земат Тудор. Мота има договор со најтрофејниот италијански клуб до јуни 2027 година.

- Оглас -

Најнови вести