Јувентус ќе ја победи Верона, Истанбулспор е силен во Турција

1362 Вилјареал – Селта (21.30 часот)
Виљареал игра добро на почетокот на Ла Лига, на стартот ремизира (2-2) дома против Атлетико Мадрид, а потоа победи (1-2) и на гости против Севиља. Вечерва ја пречекува Селта и се очекува да продолжи во ист стил и да стигне до триумф.
Предлог тип: 1 (1.89)

3010 Верона – Јувентус (20.45 часот)
Верона го победи Наполи со 3-0 на домашен терен, но барем на стартот Јувентус изгледа како многу покомпактен тим. На Тијаго Мота ќе му треба време за да ги пренесе идеите во целост, но се гледаат контурите дека Јувентус ќе биде тркачки тим кој ќе игра агресивно и на победа. Верона не може двапати по ред да одигра таков меч и предлогот е победа за Јувентус.
Предлог тип: 2 (1.82)

3612 Калјари – Комо (18.30 часот)
Каљари и оваа сезона нема да биде претерано ефикасен, а Комо е нов прволигаш кој на стартот прими три гола од Јувентус. Но, ова ќе биде сосема поинаков натпревар, а се чини дека двете екипи многу ќе внимаваат на сопствената мрежа. Предлогот е да има најмногу еден гол во првото полувреме и најмногу два гола во второто полувреме.
Предлог тип: 0-1I&0-2II (1.67)

1967 Истанбулспор – Шанлиурфаспор (20.00 часот)
Истанбулспор има две победи на стартот на Втората лига во Турција, а амбициите им се влез во елитата. Оттаму и предлог за нов триумф и најмалку два постигнати гола во мрежата на гостите.
Предлог тип: 1 & T1 2+ (1.85)

2806 Виборг – Лингби (19.00 часот)
Виборг и Лингби не можат да се пофалат со добри резултати и се борат за бегство од опасната зона на табелата во Данска, но затоа пак одбраните не им се на високо ниво. Се очекуваат голови на овој меч, а предлогот е дека ќе има најмалку еден, а најмногу три гола и во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.83)

- Оглас -

Најнови вести