Јувентус ќе му помогне на Интер да го доведе Џеко

Англискиот премиерлигаш Челзи не сакаше да го задржи Гонзало Игуаин, иако напаѓачот имаше уште една година од договорената позајмица со Јувентус. Аргентинецот си замина од Лондон и се врати во италијанскиот првак. Сепак, за Игуаин многу веројатно е дека нема да има место во составот на Старата дама, па се бара решение каде да игра во новата сезона.

Според најавите од Италија, Јувентус е пред договор со Рома за заминување на Игуаин на „Олимпико“. Доколку ова се случи, гигантот од Торино не сакајќи ќе ги отвори вратите за заминување на Един Џеко од Рома во Интер. Нераѕурите веќе ги имаат договорено условите со Џеко, Рома има прифатено трансферот да изнесува 13 милиони евра, но сепак Римската волчица не сака да го продаде Џеко додека не најде соодветна замена за него.

Со евентуалното доведување на Игуаин во Рим, ќе се исполнат сите услови за Џеко да може непречено да замине во Милано и да го облече дресот на Интер.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести