1801 Мајнц – Баер Леверкузен (20.30 часот)
Тимот од Леверкузен има серија од четири победи по ред и цврсто го држи третото место во Бундеслигата. Мајнц е деветти, но има само три бода помалку од четвртиот Лајпциг, па за него излезот во Европа е главна амбиција. Баер има примено 12 гола повеќе од Мајнц, но Фармацевтите се познати по ефикасноста на нападот. Ова е дуел на најдобрата одбрана против вториот најефикасен напад во лигата. Баер има серија од осум меча по ред со 3+ голови, но на неговите две последни гостувања кај Мајнц, Баер победуваше со по минимални 1-0, исто како и есеноска, во првиот нивен дуел сезонава.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.87)
3001 Јувентус – Торино (20.45 часот)
Торино е единствен тим во Серија А кој загуби во претходните два меча, а на повидок му е хет-трик од порази бидејќи е аутсајдер во дербито. Јуве имаше две ремија во последните три кола, па малку му се оладија амбициите за Скудетото. Данило е суспендиран кај Јувентус, а Кјеза и Кјелини се повредени. Есеноска, Старата дама како гостин ги победи Биковите со 1-0. Јуве дома не загубил од Торино уште од 1995 година, а Торо даваше гол на последните три гостувања кај градскиот ривал.
Предлог тип: 1 & 0-3 (2.21)
1701 Лил – Мец (21.00 часот)
Лил и Мец имаат по два порази во последните три кола и не се во добра форма. Сепак, актуелниот француски првак иако е големо разочарување сезонава, се бори за место кое води во европските купови и не смее да си дозволи кикс против претпоследниот тим на табелата. Мец го чека тешка битка за опстанок бидејќи последните пет тима на табелата ги дели само еден бод. Полоша одбрана од Мец има само Бордо.
Предлог тип: 1 & 0-3 (2.22)
1302 Елче – Рајо Валјекано (21.00 часот)
Рајо освои само еден бод во последните пет кола и за нив Европа веројатно ќе биде недостижна. Двата тима имаат по десет порази. Елче дома нема пораз уште од ноември. Рајо 30 години не знае за победа во Елче, а ова е трет пат да гостуваат таму во прволигашки меч, сите други пресметки им се во второлигашка конкуренција. Можеби ремито е најреално, а бројките кажуваат дека и да има победник, тешко дека тоа ќе биде некој убедлив триумф.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.25)
1536 Боависта – Бенфика (21.15 часот)
Ова е незгодно гостување за Бенфика бидејќи Боависта е тим дури со 12 нерешени резултати во 22 меча. Боависта има само три победи сезонава, но експерти се за ремија. Орлите од Лисабон се фаворити, а победата им треба за да го освојат второто место кое води во Лигата на шампионите. Бенфика заостанува четири бода зад второпласираниот Спортинг. Бенфика е најефикасен тим во Португалија, со 58 голови на 22 меча. Боависта одамна не загубила дома, а во минатата сезона Бенфика на ова гостување загуби со убедливи 0-3.
Предлог тип: ГГ & 3+ (2.21)