Јувентус ќе се загрева за Лигата на шампионите со голови против СПАЛ

Јувентус – СПАЛ (Серија А Италија, 15 часот)

СПАЛ го победи Јувентус во финишот на ланската сезона со 2:0 на домашен терен што беше прв триумф на клубот  од Ферара против најтрофејниот италијански фудбалски колектив.

Јувентус ќе сака реванш против тимот што прими најмногу голови, 11, заедно со Лече и Сампдорија. Старата дама ќе мора да мисли и на мечот против Баер Леверкузен во Лигата на шампионите што ќе се игра во вторник.

Кристијано Роналдо повторно веројатно нема да игра, за да биде подготвен за многу поважниот меч за Јувентус против „фармацевтите“ од Леверкузен.

Сепак разликата во класа меѓу двата тима е голема и типуваме победа на Јувентус, момбинирана со голови.

Предлог тип: 1&3-6 гола (2.00) Квота на денот во Sport Life

 

Тотенхем – Саутемптон (Премиерлига Англија, 16 часот)

Тотенхем влезе во криза, а таквата ситуација може да се надмине само со серија победи. Актуелниот европски вицешампион киксна и против Олимпијакос кога прокоцка предност од 2:0 во Лигата на шампионите, потоа и Лестер ги шокираше со пресврт и триумф во Премиерлигата, а вистински нокаут беше елиминацијата од Колчестер во Лига купот на Англија.

Избраниците на Маурисио Покетино одиграа многу натпревари во кус период, а проблемот се и неуспесите во серија, но и најавата за нови тепки предизивици.

По мечот со Саутемптон, на европскиот вицешампион му доаѓа на гости германскиот шампион Баерн, што е еден од дерби мечевите во второто коло во Лигата на шампионите. Сепак денеска за Тотенхем нема друг избор, освен да се освојат бодовите против скромниот состав на Саутемптон, бидејќи заостанувањето зад лидерот Ливерпул веќе е 10 бода по само шест кола во Премиерлигата.

Предлог тип: 1 (1.60) Супер тип на Sport Life

 

Евертон – Манчестер сити (Премиерлига Англија, 18.30 часот)

Манчестер сити има три победи во серија против Евертон во меѓусебните дуели и денеска повторно е фаворит. Пеп Гвардиола навистина има барем два еднакво квалитетни состави и мака како да ги одбере првотимците за секој меч.

Шампионот на Англија имаше неочекуван кикс и пораз од Норич, претходно и ремизираше со Тотенхем, што го остави на пет чекори зад најголемиот ривал за титулата Ливерпул.

Нов кикс е недозволен за амбициозните „граѓани“, кои сакаат титули и имаат квалитет за успешен од и во Премиерлигата и во Лигата на шампионите.

Евертон се засили со неколку играчи, но напредок нема, па и позицијата им е лоша. Моментно се на 14. место, што за „карамелите“ е недоволно во однос на амбициите со кои влегоа во новата сезона во Англија.

Предлог тип: 2&ГГ (2.75) Квота на денот во Sport Life

 

Сасуоло – Аталанта (Серија А Италија, 20.45 часот)

Двете екипи си имаат убава традиција на ефикасни меѓусебни дуели и очекуваме во тој тренд да продолжат и денеска. Аталанта почна да ја плаќа сметката со играње на повеќе фронтови, а годинава е дебитант во Лигата на шампионите и почна лошо со дебакл во Загреб.

Во Серија А се солидни и имаат 10 бода на третото место, но двапати се вадеа во последне миг. Против Фиорентина се спасија од пораз со два гола во финишот, а претходно ја победија Џенова со прекрасниот погодок на Запата и буквално во последен миг. Одбраната им е слабата точка, но стилот на игра на тимот од Бергамо, кој е апсолутно офанзивен остава простор за противниците често да ја тресат мрежата на Голини.

Сасуоло повторно игра многу солидно во Серија А, има добар тим и одлични напаѓачи во Берарди, Капуто, Дефрел и Данкан. Тука е и брзио Бога и можат да и зададат многу проблеми на тенката одбрана на Аталанта, па очекуваме многу голови во Реџо Емилија.

Предлог тип: 3+ (1.59)

 

Атлетико Мадрид – Реал Мадрид (Ла Лига Шпанија, 21 часот)

Уште пече поразот во таборот на Реал Мадрид од 3:7 во претсезонскиот пријателски меч со Атлетико на американската турнеа на двата клуба. Можеше да биде и полошо за кралскиот клуб по негативата од 0:6.

Сепак Реал има и убави спомени од дуелите со „јорганџиите“ и лани славеше на „Ванда Метрополитано“ со 3:1, а претходно на двапати го победуваше градскиот ривал во финале на Лигата на шампионите.

Атлетико одлично се засили во летниот преоден рок, а во клубот од Мадрид пристигна најскапата аквизиција во Европа, Жоао Феликс за 126 милиони евра од Бенфика. Реал не беше многу активен на пазарот, но игра одлично во Ла Лига и е лидер без пораз.

Дербито секогаш има посебна тежина, формата на двата големи градски ривали е солидна, па очекуваме да има голови во комбинација со 1Х.

Предлог тип: 1Х&2-4 гола (2.25) Квота на денот во Sport Life

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести