Јувентус мора да освојува бодови ако сака пласман во Лигата на шампионите

3001 Кремонезе – Рома (18.30 ч.)

Рома победи на двата натпревари минатата недела, со 1:0 ја совлада Верона, а со 2:0 беше победен Салцбург. Римската волчица по вчерашната победа на Лацио, падна на петтото место на табелата и денеска има шанса да се врати на позицијата која носи пласман во Лигата на шампионите.

Згора на тоа, Рома има шанса да се одмазди за единствениот пораз што го доживеа на домашен терен во 2023 година. Во јануари, Рома со 1:2 загуби од Кремонезе во Купот на Италија. Кремонезе е последен на табелата  само освоени девет бода од 23 натпревари и е главен фаворит за преселба во Серија Б.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.30)

 

3002 Јувентус – Торино (20:45 ч.)

Јувентус не се откажува од битката за освојување на четвртото место на табелата кое носи во ЛШ иако беше казнет со одземање 15 бод. Старата дама има 32 бода, 13 помалку од четвртиот Лацио, и денеска има со победа во градското дерби против Торино да ја намали негативата.

На последните четири меѓусебни пресметки, Јувентус двапати го победи Торино како гостин, а ремизира на домашен терен. Торино иако игра добро сезонава и е деветти на табелата, не може ги победи најголемите фаворити, а традицијата на меѓусебните пресметки покажува дека последен пат го совладал Јувентус во 2015 година. Јувентус е голем фаворит и сè освен победа би претставувало изненадување.

Предлог тип: 1 & 1+ второ (2.35)

 

1110 Бристол сити – Манчестер сити (21.00 ч.)

Манчестер сити е апсолутен фаворит во осминафиналната пресметка од ФА купот со тимот од Чемпионшип дивизијата, Бристол сити. Граѓаните изминатиот викенд ја прекинаа мини-серијата од две ремија, против Лајпциг и Нотингам форест, и со 4:1 го совладаа Борнмут. Бристол сити и Манчестер сити досега имаат одиграно три натпревари меѓу себе, сите три токму во Лига купот и Граѓаните победија на трите меча, кои завршија со три или повеќе голови.

Предлог тип: 2-2 & 3-6 (2.22)

 

1108 Лестер – Блекбурн (20:30 ч.)

Лисиците имаат шанса во ФА купот да ја прекинат мини-серијата од два пораза бидејќи се фаворити против Блекбурн. Блекбурн има серија од три победи во низа, но настапува во Чемпионшип дивизијата и ја има традицијата против себе. Во последните 20 години, Лестер само трипати загубил од Блекбурн, а последен пат тоа било во 2012 година. Интересно е што во последните 20 години никогаш немало повеќе од три гола на меѓусебните натпревари.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.26)

 

1731 Лион – Гренобл (21.10 ч.)

Олимпик Лион е фаворит да обезбеди пласман во полуфиналето на францускиот куп. Лион пред своите гледачи го пречекува второлигашот Гренобл, кој нема победа на последните три меча во Лига 2.

Овие два тима досега само пет-пати играле меѓу себе и Лион има четири победи и едно реми. Лион по слабиот старт на сезоната, конечно влезе во победнички ритам, но се наоѓа осум бода од позицијата која носи пласман во европските купови. Токму ФА купот е најдобра шанса, Лион следната сезона да игра во европските купови и нема да си дозволи кикс пред своите гледачи.

Предлог тип: Т1 1-3 I & 1-3 II (2.17)

- Оглас -

Најнови вести