Јувентус на крилјата на Роналдо го реши фенерџијата Кротоне (видео)

Јувентус рутинирано го совлада Кротоне со убедливи 3-0 за 13-та победа на актуелниот италијански шампион по 23 кола во Серија А.

Домаќините се мачеа повеќе од половина час да го скршат отпорот на Кротоне, по што следуваше шоу на Кристијано Роналдо со двата погодоци кои ги реализира за помалку од 10 минути.

Мегаѕвездата на Бјанконерите прво се избламира со неверојатно промашување од два метра пред голот, а потоа со два прецизни удари со глава во 38-мата и првата минута од судиското надополнување ја затресе мрежата на фенерџијата.

https://twitter.com/EnElVar/status/1363950424311672835

Ако постоеја дилеми на половина час до крајот на мечот, ги разреши младиот Мекени искористувајќи ја мешаницата пред голот на гостите и ги постави конечните 3-0 во 66-тата минута.

Со овој триумф, Јувентус застана на третото место на табелата во Серија А со 45 бода, осум помалку од лидерот Интер, односно четири бода помалку од Милан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести