15.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Демирал со спектакуларен потег покажа зошто Јувентус одби 50 милиони евра од Ливерпул (Видео)

Кристијано Роналдо е јунакот на Јувентус со два гола за победа против Интер во првиот меч од полуфиналето во Италијанскиот куп, но потегот на мечот што заврши со 2:1 за гостите го имаше Мерих Демирал.

Стоперот на Јувентус на спектакуларен начин, иако беше свртен со грб кон противничките играчи, спаси израмнувачки гол на Интер по обидот на Алексис Санчес да ја погоди празната мрежа на гостите од Торино.

Интересно е што Јувентус имаше понуда од 50 милиони евра од Ливерпул за Мерих Демирал во последните денови од зимскиот преоден рок, но ја одби, што се покажа како одлична по спектакуларниот потег на турскиот репрезентативец вечерва на „Џузепе Меаца“.

- Оглас -

Најнови вести