Јувентус одбра кој ќе биде наследник на Алегри

Челниците на Јувентус, Андреа Ањели, Фабио Паратици и Павел Недвед се договориле како прва опција за наследник на Масимилијано Алегри да биде Маурисио Сари. Според реномираниот Скај Спорт, тренерот на Челси во заминување е прва опција за да седне на клупата на гигантот од Торино.

За да биде потврден овој трансфер се чека завршување на финалето во Лигата на Европа, каде Челси игра против Арсенал. И во Челси веќе бараат налседник на Сари, а како една од опциите е доведување на Франк Лампард.

Токму Лампард ќе го предводи Дерби Каунти, попладнево во најскапиот меч во историјата на фудбалот. Доколку Дерби слави против Астон вила, ќе се избори за место во Премиер лигата.

Во Јувентус се подготвени и за Б план, доколку пропадне идејата со потпис на Сари. Како резервна варијанта е тренерот на Лацио, Симоне Инѕаги.

- Оглас -

Најнови вести