Јувентус започнал преговори со португалскиот офанзивен играч на Манчестер сити, Бернардо Силва, со цел да го доведе во својот тим на крајот од сезоната, и тоа без обештетување, јавува „Ла Стампа“
Договорот на Силва со Граѓаните истекува на крајот од сезоната, што за Старата дама е идеална шанса да реагира и да се обезбеди посакуваното засилување без да се плати трансферна отштета.
Според информациите од Англија, португалскиот репрезентативец веќе одбил да го продолжи договорот со Сити, што значи дека дефинитивно ќе го напушти клубот.
Јувентус е во потрага и по уште еден играч од средниот ред, а меѓу кандидатите е и Гвидо Родригез од Вест хем. Сепак, тренерот Лучијано Спалети не сака да брза и сака да ги разгледа сите достапни опции пред да донесе конечна одлука.

