20.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Ако Роналдо сака да се спаси од казна во Јувентус, ќе мора да исполни еден услов

Кристијано Роналдо ќе мора да се извини пред сите соиграчи и да објасни дека таквото однесување не ѝ помага на екипата воопшто за да не добие никаква казна поради потегот што го направи за време на дуелот против Милан. Португалецот беше заменет во 55-тата минута, што секако дека беше неочекувано за главната ѕвезда на Старата дама.

Роналдо лут го напушти теренот, не се поздрави ниту со тренерот Маурицио Сари, ниту со соиграчите и директно замина во соблекувалната. Сари објасни зошто го заменил Роналдо, а фудбалерот засега не се изјаснил за потегот кој тој го направи по заминувањето од теренот.

https://twitter.com/MessiCuIe/status/1193637152455823362

Потоа тој решил да си замине од стадионот, и тоа додека мечот уште се играл. Ваквиот потег со заминување предвреме можело да му донесе и двегодишна суспензија на Роналдо.

Во Јувентус веќе 10-тина дена е тензично и тоа поради Роналдо, кој прво се налути зошто беше сменет во мечот против Локомотив Москва во Лигата на шампионите, а потоа одигра уште помалку минути во дербито против Милан.

 

- Оглас -

Најнови вести