Јувентус потврди, Роналдо не игра против Аталанта

Јувентус ќе игра против Аталанта без Кристијано Роналдо, кој е повреден и можно е да не настапи ниту во среда на дуелот со Парма.

Утре се игра дербито што може да одлучи за место во Лигата на шампионите и Старата дама ќе мора да гостува во Бергамо, без главната ѕвезда.

„Тоа е голем хендикеп за нас, а сега ќе се обидеме да го одмориме, за да може да игра против Парма“, изјави Андреа Пирло, тренерот на Јувентус.

Старата дама е на третото место во Серија А со 62 бода и мечот со Аталанта, која е веднаш зад Јувентус со 61 бод може да биде клучен за пласманот во ЛШ, бидејќи конкуренцијата е жестока.

„Иако сме без Роналдо очекувам да одиграме добар меч. Имаме квалитетен тим, го анализиравме добро противникот и со голема самодоверба очекуваме добар резултат“, додаде Пирло.

Јувентус има фантастична серија од 32 меча без пораз од Аталанта во Серија А и е непоразен од 2001 година во мечевите со утрешниот ривал.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести