Италијанскиот калчолигаш Јувентус стапил во контакт со агентите на Џонатан Дејвид. Торинскиот клуб остварил првични разговори со претставниците на 25-годишниот напаѓач и би сакал да го доведе во Серија А.
Двете страни сè уште не разговарале за финансиските детали околу можната соработка. Се наведува дека играчот има привлечни понуди и од Саудиска Арабија, но не сака да брза со одлуката за својата иднина.
Минатата сезона во Лига 1, Канаѓанецот одигра 32 натпревари за Лил и постигна 16 гола.
Тој го напушта францускиот клуб како слободен агент.