3.8 C
Skopje
среда, 29 октомври 2025

Јувентус се договори со тренерот кој има тетовирано друг италијански клуб

Јувентус е се поблиску да го именува Лучано Спалети за нов тренер. Според најавите од Италија, официјалната промоција на Спалети како тренер на Старата дама ќе биде в четврток, пишува Скај Спорт.

Најтрофејниот клуб во Серија А остана без тренер откако по серијата лоши резултати, отказ доби Игор Тудор. Доколку Спалети го преземе Јувентус, тоа ќе биде негов прв клупски ангажман по пауза од 2023 година, кога си замина од Наполи.

Токму со Наполи, Спалети ја освои титулата во Серија А. По тој успех, стратегот направи неверојатен потег кога го тетовираше амблемот на Наполи.

По заминувањето од Наполи, Спалети беше селектор на Италија, но по поразот од Норвешка со 3:0, тој си замина од селекторската позиција, за сега повторно да е актуелен за тренер на италијанскиот гигант.

- Оглас -

Најнови вести