Екипата на Јувентус се радуваше пред своите навивачи откако со 2:1 го победи Лече во меч од 32 коло во италијанската Серија А. Старата дама уште во првото полувреме ги реши дилемите околу победникот.
Не беа поминати ни 100 секунди која Копмајнерс погоди за радост на фаворитот. Тој погодок може да го видите ТУКА.
Веќе во 33 минута Јувентус го удвои водството, а овојпат стрелец на погодок беше Јилдиз и тој гол може да го видите ТУКА.
Лече кој е на 17-тото место на табелата, последно кое носи спас во елитното италијанско друштво, постигна почесен погодок во 87 минута, но тоа не беше доволно за гостите да се спасат од пораз.