Веќе неколку дена трае неизвесноста дали најтрофејниот италијански клуб Јувентус може да добие казна со која повторно ќе биде вратен во Серија Б.
Претседателот на Италијанското здружение за заштита на потрошувачи (КОДАКОНС), Марко Донзели, изјави дека Јувентус мора да сноси последици доколку се докаже дека клубот ги лажирал податоците за финансискиот извештај во периодот од 2008 до 2012 година.
Вкупно шестмина од клубот се осомничени за лажирање на податоците, а меѓу нив се претседателот Андреа Ањели, потпретседателот Павел Недвед, како и поранешниот спортски директор Фабио Паратици, кој сега работи во Тотенхем.
Се претпоставува дека лажирањето на финансиските извештаи се во воредност од 50 милиони евра, по што би следувала драстична казна за Старата дама, а тоа е исфрлување во Серија Б.
Јувентус во 2006 година беше исфрлен во Серија Б во аферата Калчополи. Тогаш беа санкционирани и Милан, Фиорентина и Лацио. На Јувентус му беа одземени две титули во првенството и мораше да се натпреварува во втора лига.
Дали и сега најтрофениот клуб во Италија го очекува истата судбина?