Галатасарај со победата од 5-2 над Јувентус, направи голем чекор кон пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Турскиот првак даде дури пет гола, а во листата на стрелци не се запишаа нивните главни голгетери Осимен и Икарди.
Ќе има реванш во Торино, но шансите се на страна на Галата кој „намириса крв“ и ја искористи слабоста на гигантот.
Двата гола за Старата дама ги постигна Копмајнерс, за кого ова беа први погодоци сезонава. Јувентус пет или повеќе гола во Европа претходно имаше примено само еднаш, во далечната 1959 година од австриски Виенер.


